Социјални платформи да ги бришат видеата што поттикнуваат опасно возење, наложи британската влада
„Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, побарала и наложила британската влада, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица, објавија британските медиуми.
Министерот за одбрана, Лук Полард, порача дека платформите мора самите да реагираат, а Владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за безбедност на интернет, пренесе „Би-би-си радио 4“.
Во несреќата загинаа полицајците Метју Блејдс (37) и Том Клаф (38), откако „Фолксваген пасат“, којшто претходно бил следен од полицијата, се движел во спротивна насока по двонасочна сообраќајница и директно удрил во нивното полициско возило. На местото на несреќата починале и петмина млади луѓе – Кол Роберт Ворти (17), Тео Реј (17), Макај Садингтон (18), како и Мајкл Роберт Кејхил (23) и Џејкоб Матусијак (23). Особено внимание предизвикаат информациите дека Садингтон претходно бил поврзуван со снимање опасно возење за „Тик-ток“. Тој во јули на Суд бил обвинет за напад на полицаец и предизвикување расно-мотивирана вознемиреност и страв.
– Сакам социјалните мрежи да преземат одговорност… Платформите не треба преку своите алгоритми да шират и финансиски да наградуваат содржини што го вeличаат опасното однесување на патиштата – порача Полард.
Тој предупреди дека, доколку компаниите не реагираат самостојно, Владата ќе ги искористи своите законски овластувања за да ги принуди да го отстранат таквиот материјал.
Полицискиот и криминален комесар за областа Кливленд, Мет Стори, за „Би-би-си радио 4“ ги потврди извештаите за видеата на „Тик-ток“, но ги повика луѓето да избегнуваат шпекулации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…
Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…
Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…
Европската Унија останува стратешка цел на државата…
Недостигот на дизел може да продолжи и…
Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…
Трифонов со навреди за Македонците за случајот…
„Северна Македонија издаде меѓународна потерница по Ива…
Нападнат комплексот на „Сауди Арамко“: Пожар во…
Комплексот на саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“…