Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во повеќе случаи во тетовско-гостиварскиот регион
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред и мир, како и физички напади, биле пријавени во тетовско-гостиварскиот регион во текот на 24 август.
Од МВР информираат дека 24-годишен тетовец пријавил дека околу 12:30 часот, на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово, бил физички нападнат од неколку машки лица. Во врска со настанот, во СВР Тетово сам се пријавил 41-годишен маж од Тетово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Во СВР Тетово, 60-годишен жител на Новаке пријавил дека по претходно меѓусебно недоразбирање бил физички нападнат од 55-годишен маж. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Физички напад бил пријавен и во Гостивар. 63-годишен гостиварец пријавил дека поради претходно меѓусебно недоразбирање бил нападнат од 46-годишен жител на Чајле. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Во друг случај, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле 30-годишната В.А. од Гостивар, по претходна пријава од 47-годишен гостиварец дека го нарушила јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување. По целосното документирање ќе следува соодветен поднесок.
МВР информира и за случај од 24 март, кога полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле М.Т. (18) и Б.В. (18), двајцата од Гостивар, како и А.С. (18) од гостиварско Мерово. Тие биле приведени по пријава од 55-годишен жител на Србиново, кој пријавил дека група деца подолг период го нарушувале јавниот ред и мир со викање, дрско и непристојно однесување.
По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…
Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…