(Видео) Дел од дрон сo експлозив најден меѓу лежалки на плажа во Романија: Го нашле туристи
Дел од дрон бил најден утрово на плажа во романското црноморско одморалиште „Олимп“, на околу 38 километри јужно од Констанца, пренесоа романските медиуми.
Според извори на телевизијата „Антена“, остатоците содржеле експлозивно полнење.
Делот бил најден меѓу лежалките на плажата, посочува телевизијата. Пристапот за туристите до зоната е ограничен. Неколку луѓе поднеле пријава.
Остатоци од дрон синоќа биле најдени и на бранобранот на крајбрежното шеталиште во Констанца, во близина на легендарното „Казино“ во црноморскиот град.
Шести ден по ред остатоци од дронови ги држат под тревога населението и властите во Романија, потсетува „Антена“. Изминатите денови романските власти во неколку наврати испраќаа борбени авиони и хеликоптери за да ги следат нападите со дронови во близина на границата со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кличко до Зеленски: Каде е ПВО…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска се…
БУГАРИЈА НЕМА ДА ЈА ПРЕДАДЕ ИВА МИХАИЛОВА…
Бугарија нема да ја предаде Ива Михаилова…
Полска размислува за воведување на задолжителна воена…
Полска размислува за воведување на задолжителна воена…
296 сообраќајни прекршоци за два дена преку…
Вкупно 296 сообраќајни прекршоци биле регистрирани преку…
ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…