Објавено на:

Чупиќ: Некои не се свесни што значи Вардар, ова не е збор само за една љубов – туку за еден живот!

t

Вардар го очекува првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите, а противник во „Јане Сандански“ ќе биде француски Нант. Пред европската премиера пред своите навивачи, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, зборуваше за атмосферата во Скопје, но и за одговорноста што ја носи дресот на Вардар.

„Некои од новите играчи го гледаа Вардар на телевизија и сè уште не се свесни што значи тоа. Но, кога ќе дојдат во преполната арена „Јане Сандански“, ќе разберат колку љубов и колку традиција има овој клуб. Ова не е збор само за една љубов, туку за еден живот“, порача Чупиќ.

Хрватскиот стратег потенцира дека Вардар не е само уште еден клуб во кариерата на ракометарите, туку средина која со себе носи огромна историја и обврска кон навивачите.

„Едвај чекаме на првиот домашен натпревар. За тоа живееме и работиме. Сигурен сум дека „Комити“, како и сите луѓе во Скопје кои го сакаат и поддржуваат Вардар, со нетрпение го очекуваат овој натпревар по четири години“, изјави Чупиќ.

Токму враќањето на големите европски натпревари во „Јане Сандански“ треба да биде посебен момент за Вардар. Вардарци против Нант ќе се сретнат на 16 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чупиќ: Некои не се свесни што значи…

Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…

Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар

Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…

Шкендија го совлада Вардар во Скопје

Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…

ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра…

Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000…

Борко Ристовски за Миленко: Ако човек во…

По прозивките од директорот на ФК Вардар,…