Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен на 25 август во 06:10 часот во СВР Скопје, по што екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го извлекла телото од реката.
По извршеното препознавање од страна на семејството било утврдено дека се работи за Т.Г. (83) од Скопје. Неговиот син Г.Г. (46) претходниот ден пријавил дека татко му се оддалечил од домот.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдено безживотно тело на 31-годишен скопјанец во…
На 15.09.2026 во 22:00 часот, по преземени…
Чупиќ: Некои не се свесни што значи…
Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Шкендија го совлада Вардар во Скопје
Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…
ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра…
Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000…