Силно невреме со торнадо ја погоди Италија, оштетени историски објекти во Кремона
Торнадо денеска го погоди италијанскиот град Кремона, предизвикувајќи силно невреме со град и моќни налети на ветер. Во невремето се оштетени катедралата и зградата на градското собрание.
Според информациите на агенцијата АНСА, во невремето дошло до уривање на покривот на кулата на катедралата, како и на покривот на зградата на градското собрание.
Особено значајно е оштетувањето на зградата на градското собрание, бидејќи нејзиниот покрив бил единствениот преостанат дел од постарата градска куќа, која била изградена во 13 век.
Силното невреме предизвикало материјална штета во повеќе делови на градот, а надлежните служби работат на проценка на последиците и расчистување на теренот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно невреме со торнадо ја погоди Италија,…
Торнадо денеска го погоди италијанскиот град Кремона,…
„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…
Италија треба да го прекине договорот со…
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…