Објавено на:

Силно невреме со торнадо ја погоди Италија, оштетени историски објекти во Кремона

t

Торнадо денеска го погоди италијанскиот град Кремона, предизвикувајќи силно невреме со град и моќни налети на ветер. Во невремето се оштетени катедралата и зградата на градското собрание.

Според информациите на агенцијата АНСА, во невремето дошло до уривање на покривот на кулата на катедралата, како и на покривот на зградата на градското собрание.

Особено значајно е оштетувањето на зградата на градското собрание, бидејќи нејзиниот покрив бил единствениот преостанат дел од постарата градска куќа, која била изградена во 13 век.

Силното невреме предизвикало материјална штета во повеќе делови на градот, а надлежните служби работат на проценка на последиците и расчистување на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…

Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

Хаос во Италија поради одлуката на синџир…

Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…

Мелони забранува носење на бурки и никаби…

Италија се подготвува да го забрани покривањето…

Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…

Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…