Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“, се уште постои опасност од ново разгорување

t

Пожарот што се закануваше да зафати поголем дел од Националниот парк „Пелистер“ е ставен под контрола, но надлежните служби и натаму остануваат во состојба на зголемена претпазливост. Поголема катастрофа била спречена благодарение на интервенциите на „Ер тракторите“ и брзата акција на пожарникарите од Ресен и Битола и другите служби на терен. Во гаснењето учествуваа и вработени од НП „Пелистер“, јавните комунални претпријатија и службите за управување со кризи и заштита и спасување. Дежурните екипи остануваат на терен за целосно догаснување и за спречување евентуално повторно активирање на огнената линија.

Да потсетиме, вчера попладне пожарот избувна во преспанскиот регион, во поширокото подрачје на Долна Бела Црква и Макази, по што потпомогнат од силниот ветер брзо почна да се шири кон Пелистер. Огнот најпрво зафатил овоштарници, смрека, нискостеблеста и дабова шума, а подоцна се проширил и кон борова шума во националниот парк. Директорот на НП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, вчера информираше дека пожарот навлегол во паркот помеѓу подножјето на врвот Вртушка и врвот Мала Чука. Поради силниот ветер и непристапниот терен, гаснењето беше отежнато, бидејќи до дел од огнената линија немаше пристап за противпожарните возила.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вчера изјави дека постојат индиции дека пожарот бил намерно подметнат. Според Ангелов, огнот првично се појавил на најмалку две одделни локации во овоштарници со јаболка, по што била забележана и подолга огнена линија. Поради опасноста пожарот да се прошири подлабоко во Пелистер, беа ангажирани „Ер тракторите“, два огнени тима со пинцгауери и механизација со која се правеа противпожарни пресеки. Надлежните засега остануваат на терен и ќе ја следат состојбата сè додека не биде отстранета опасноста од повторно разгорување на пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…

Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…