Во Албанија опожарени околу 11 илјади хектари шуми, зафатени и заштитени подрачја
Пожарите во Албанија зафатиле околу 11 илјади хектари шумска површина, што е помала бројка од претходните две години, но пламените јазици сè уште беснеат во многу делови на земјата, поради што реално таа бројка ќе биде поголема.
-Пожарите значително се зголемија во текот на август, а исто така ги погодија и заштитените подрачја низ целата територија. Предизвиканата штета е исклучително голема, вклучувајќи уништување на живеалишта, осиромашување на почвата и загадување на изворите на вода. Ситуацијата останува критична поради континуираното ширење на пламените јазици, изјави Елвин Торомани, експерт од областа на шумарството.
Додава дека во месец август бројот на пожари значително се зголемил, особено од средината на месецот, кога се регистрирани најголем број пожар, нагласувајќи дека тие се шират низ целата територија а најголемиот проблем е што пожарите зафатиле и делови од заштитените подрачја.
-Кога зборуваме за штетите предизвикани од пожарите, тие се големи штети, вклучувајќи губење на шумска маса, штети врз живеалиштата и дивиот свет, штети врз квалитетот на почвата, нејзино осиромашување. Имаме и последици врз водните ресурси и квалитетот на водата. Штетата е исклучително голема, рече Торомани.
Според Министерството за одбрана само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 20 пожари, од кои 7 се активни, додека 3 се под надзор.
За справување со ситуацијата се распоредени 284 оперативни сили и 33 противпожарни возила, 80 припадници на армијата и 2 хеликоптери на воздухопловните сили. Најкритична е состојбата со пожарот на планината Дајти, над Тирана и во подрачјето на Булќиза, област во близина на албанско-македонската граница кај Дебар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Албанија опожарени околу 11 илјади хектари…
Пожарите во Албанија зафатиле околу 11 илјади…
По спорот за химната, Македонците од Пустец…
До редакцијата на Национал пристигна реакција од…
Албанија воспоставува виртуелното дипломатско присуство
Со цел подигнување на повисоко ниво на…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
Рама за неинтонирањето на албанската химна во…
По реакцијата на Министерството за Европа и…