Возел 163, па 169 км/ч на истата делница кај Демир Капија: Србин казнет со вкупно 3.000 евра

t

Триесет и четиригодишен државјанин на Србија е казнет со две парични казни од по 1.500 евра, откако во два наврати возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А1 кај Демир Капија.

Д.П. бил уапсен на 29 август во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, при излез од државата. При проверка на неговата „шкода“ со српски регистарски ознаки, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека во два наврати е евидентиран за кривично дело безобѕирно управување со моторно возило.

На 22 август во 13:42 часот, кај Демир Капија, возел со 163 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Два дена претходно, на истата делница, бил регистриран со брзина од 169 километри на час.

Основниот суд Неготино му изрекол две казни од по 1.500 евра за двете кривични дела.

Во последните седум дена, на делницата Градско–Демир Капија биле поднесени пет кривични пријави против странски државјани за безобѕирно управување со моторно возило. Покрај српски, меѓу сторителите имало и државјани на Холандија и Шведска. Четворица добиле максимална парична казна од 1.500 евра, а еден бил казнет со 1.000 евра. Сите казни биле веднаш платени.

Во вториот случај Д.П. бил на само еден километар на час од границата по која, под законските услови, можело да следува и одземање на возилото. Наместо 169, доколку возел 170 километри на час, би ја надминал дозволената брзина за 90 километри на час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возел 163, па 169 км/ч на истата…

Триесет и четиригодишен државјанин на Србија е…

22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…

Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…

(Видео) Пожарот на Пелистер еден од најтешките…

Вчера во државата имало над 23 пожари…

Санчез: Израел и Русија се виновни за…

Шпанскиот премиер Педро Санчез ги обвини Русија…

Бугарија си најде нова Спаска Митрова

Софија очајнички се труди да најде онеправдани…