(Видео) Жена нападна две лица со нож на Тајмс Сквер – полицијата ја застрела
Жената што нападна две лица со нож на Тајмс Сквер во Њујорк – при што една од жртвите им подлегна на повредите – беше застрелана од полицијата откако, вооружена со два ножа, тргна кон полицајците, соопшти денеска њујоршката полиција.
Како што пренесува АП, локалната полиција наведе дека напаѓачката извадила два ножа од кеса за пазарување и насумично избодела 68-годишен маж во стомакот, а потоа брзо му пришла на 32-годишна жена и исто така ја избодела во стомакот.
Двете повредени лица биле пренесени во болница, каде што жената починала, додека мажот е во стабилна состојба.
Инцидентот се случи во близина на полициската станица во Њујорк, до зградата „One Times Square“, позната по традиционалната прослава на Нова година и спуштањето на новогодишната топка, како и по тоа што е една од најпосетените и најобезбедените локации во градот.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат неколку полицајци собрани околу напаѓачката, која држела два големи кујнски ножа.
Еден полицаец се обидел да ја онеспособи со електрошокер, но не успеал.
На снимката се гледа како жената потоа брзо се движи кон полицајците, мавтајќи со ножевите, по што неколку полицајци го извадиле оружјето и пукале.
Американските медиуми ја пренесоа изјавата на еден очевидец дека полицајците „пукале во неа двапати“. Според досегашните информации, полицијата не верува дека нападот е поврзан со тероризам и ја истражува менталната состојба на жената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…
На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…
Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…
Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…
ФБИ бара да ја разјасни временската линија…
Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да…
Сестрата на Кол Томас Ален се соочува…
Кол Томас Ален, осомничениот за пукањето на…