Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи од 1 јуни се припишуваат на топлотните бранови
Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со високите температури се регистрирани во Шпанија од 1 јуни до 31 август, што е рекорден број за овој период откако Институтот за здравство „Карлос III“ почна да ги собира овие податоци во 2015 година. Во меѓувреме, топлотниот бран и понатаму ја погодува Европа.
Мадридскиот јавен институт припишал 2.149 смртни случаи на високите температури во август, 2.025 во јули и 937 во јуни – вкупно 5.111 смртни случаи во овие три месеци, според податоците до кои дошла АФП.
Претходниот рекорд за овие три месеци бил забележан во 2022 година, кога на топлината ѝ биле припишани 4.652 смртни случаи. За споредба, во истиот период во 2025 година биле регистрирани 3.651 смртен случај поврзан со топлотните услови, а во 2024 година – 1.977.
Проценките се базираат на системот „MoMo“ (мониторинг на смртноста), кој секојдневно го следи бројот на смртни случаи во Шпанија и ја пресметува разликата меѓу регистрираната и очекуваната смртност врз основа на историски податоци. Во пресметките се земаат предвид и фактори како температурите што ги објавува Националната метеоролошка служба (Aemet).
Како и голем дел од Европа, Шпанија годинава се соочува со особено жешко лето, со последователни периоди на интензивни топлотни бранови.
Земјата се подготвува за нов значителен пораст на температурите во наредните денови, „по неколку денови со температури пониски од вообичаените за овој период во многу области“, соопшти Aemet во текот на викендот.
Најдиректно погодена од климатските промени, Шпанија во последните години се соочува со топлотни бранови кои се сè подолги и почести, при што температурите во голема мера надминуваат 40 степени Целзиусови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…
Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…
Санчез ги обвини Русија и Израел за…
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…
Скандал во Шпанија: Десничарска лидерка потрошила 6,3…
Десничарска политичарка и претседателка на регионот Мадрид,…
Сеута предупредува дека е „на работ на…
Шпанија побара од Европската комисија поддршка од…