Најмалку две лица повредени во експлозија на германска железничка станица, соопшти полицијата

t

Полициска операција е во тек на главната железничка станица во јужниот германски град Аугсбург, откако најмалку две лица биле повредени во експлозија во подземен премин.

Според германските медиуми, експлодирал предмет, при што се здобиле со полесни повреди најмалку две лица, а од ударниот бран биле искршени прозорци во близина.

Засега не е утврдено за каков вид направа станува збор.

Полициските власти соопштија дека зградата на станицата и еден од колосеците се затворени, додека на другиот колосек сообраќањето е ограничено.

Засегнат е и јавниот превоз во околината на железничката станица.

Полицијата спроведува истрага за инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку две лица повредени во експлозија на…

Полициска операција е во тек на главната…

Медиуми: Импровизирани ракети „полни со експлозив“ истрелани…

Неколку ракети, за кои се известува дека…

Истрага на Ковеши во Германија стигна и…

По барање на Европското јавно обвинителство во…

Германија заостанува со резервите на гас: Студената…

Германија заостанува со полнењето на складиштата за…

(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…

Силно невреме вчера зафати делови од Германија…