МОН: Нема пропусти во работата на училиштата во Лозово и Конче
Нема пропусти во работата на училиштата во Лозово и Конче, каде што дел ученици ја повтроуваат учебната година. Ова е одговорото што М-Нет телевизија го доби од Државниот просветен инспекторат, откако електронски надлежните беа прашани за двата случаи. Во првиот случај за 15 годишниот Алмир Азировиќ од Лозово, од инспектораот велат дека извршиле надзор во ООУ „Методи Митевски-Брицо“, но не по претставката што ја поднел неговиот татко. Од таму велат дека надзорот бил направен по службена должност, откако во медиумите биле објавени информации за случајот. При контролата, како што велат од инспекторатот, не биле најдени неправилности во работата на училиштето.
„Во случајот во ООУ „Методи Митевски – Брицо“ во Лозово, директорот на Државниот просветен инспекторат согласно член 16 од Законот за просветната инспекција, издаде задолжение за постапување врз основа на информации објавени во медиумите, а не по поднесена претставка од страна на физичко или правно лице. Постапувањето е иницирано по службена должност, врз основа на јавно објавени информации, во рамките на законски утврдените надлежности на Државниот просветен инспекторат.
При спроведениот надзор не се констатирани неправилности во работењето на училиштето.“, соопштуваат оттаму
Сличен е одговорот и за случајот во Општина Конче. Од Државниот просветен инспекторат велат дека и овде направиле вонреден инспекциски надзор во ООУ „Гоце Делчев“, откако еден од родителите поднел претставка за девет ученици кои ја повторуваат годината.
Од инспекторатот велат дека при контролата и овде не биле најдени неправилности во работата на училиштето.
„Во однос на второто прашање во ООУ „Гоце Делчев“ во Конче извршен е вонреден инспецкиски надзор, по поднесок од страна на еден родител за девет ученици кои повторувале во училиштето. При надзорот не се најдени неправилности во работење на училиштето за што е известен и подносителот.“, додаваат од инспекторантот
Родителите сепак не се согласуваат со ваквите наоди. Тврдат дека нивните деца биле неправедно оставени да ја повторуваат годината и бараат сите ученици повторно да бидат тестирани по исти критериуми. Дури тоа не се случи, тие во последната изјава потврдија дека децата нема да одат на училиште. Во Лозово таткото на Алмир исто така и понатаму бара да се преиспита одлуката за неговиот син.
Од Државниот просветен инспекторат, сепак, остануваат на ставот дека во двата случаи не се утврдени неправилности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МОН: Нема пропусти во работата на училиштата…
Нема пропусти во работата на училиштата во…
Четворица Италијанци и еден Македонец уапсени во…
На 02.09.2026 во 11:20 часот на автопатот…
Проданоски: 49% од прилепчани селектираат отпад –…
Прилеп продолжува да биде меѓу лидерите во…
Предизборни пресметки на власта и опозицијата во…
Најавите за одржување предвремени парламентарни избори во…
Димитриеска-Кочоска: „Весела математика“ се обвинувањата за задолжување…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги…