Уапсен маж на железничката станица во Брисел: Стигнал до Франција со калашников во торбата
Маж е уапсен на главната железничка станица Миди во Брисел, откако при безбедносна контрола во неговата торба била пронајдена автоматска пушка „калашников“, јавуваат белгиските медиуми.
Според достапните информации, мажот непосредно пред апсењето пристигнал со воз од Франција.
Како што пренесува бриселскиот портал „Политико“, тој не го употребувал оружјето ниту, пак, со него се заканувал на луѓето на станицата. Истражителите сè уште ги утврдуваат причините поради кои ја носел пушката.
Белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтен го искористи случајот за да ја одбрани одлуката на Владата за распоредување заеднички патроли на полицијата и армијата на железничките и метро-станиците во Брисел.
„Благодарност до службите за брзата и решителна реакција“, напиша Квинтен на платформата Икс.
Тој оцени дека случајот покажува оти присуството на армијата како поддршка на полицијата на железничките и метро-станиците е од клучно значење. Според него, ваквата практика треба да продолжи, а во иднина и да биде проширена.
Станицата Миди е најголемата меѓународна железничка станица во Белгија и со години се соочува со безбедносни проблеми и висока стапка на криминал.
Според податоците што ги пренесува „Политико“, во периодот од 2018 до 2022 година на станицата годишно биле регистрирани околу 3.500 кривични дела. Тој број бил приближно еднаков на вкупниот број кривични дела регистрирани на железничките станици во 13 големи фламански градови заедно.
Меѓу најчестите биле кражбите, изнудите и кривичните дела поврзани со дрога.
Апсењето се случува во период кога Брисел се соочува со зголемена загриженост поради вооруженото насилство.
Кон крајот на август беа регистрирани неколку престрелки во јужниот дел на Брисел, во близина на населбата Сен Жил. Во нив имало повредени лица, а полицијата привела осомничени и запленила огнено оружје.
Сепак, засега нема информации дека уапсениот маж на станицата Миди е поврзан со овие престрелки.
Истрагата треба да покаже од каде потекнува оружјето, зошто мажот го носел со себе и дали случајот е поврзан со некоја организирана криминална активност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен маж на железничката станица во Брисел:…
Маж е уапсен на главната железничка станица…
Путин: Потегот на Норвешка е тероризам
Рускиот претседател Владимир Путин го опиша запленувањето…
Норвешка заплени руски брод по барање на…
Норвешките власти го запленија рускиот брод „Професор…
Германија бара ЕУ да ги заостри ограничувањата…
Германската Влада ги повика европските партнери да…
МОН: Нема пропусти во работата на училиштата…
Нема пропусти во работата на училиштата во…