Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож избола две девојчиња во дворот на училиштето
Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно девојче со нож повредило две 14-годишни соученички, кои итно биле пренесени во Универзитетскиот медицински центар, каде што им била укажана медицинска помош, објави Кликс.
Како што официјално беше објавено од Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон, Источната полициска станица добила пријава од граѓани дека околу 9:25 часот утрово од училишниот двор се слуша гласна врева.
Кога полициската патрола пристигнала на местото на настанот, било утврдено дека едно девојче им нанело повреди од ладно оружје на 14-годишни ученички.
Повредените девојчиња биле итно пренесени во Универзитетскиот клинички центар (UCC) Тузла со возилото на Итната медицинска помош на Здравствениот дом Тузла.
На девојчињата веднаш им била укажана медицинска помош на клиниката. Според досегашните информации, повредените девојчиња не се во животна опасност, додека девојчето кое ги повредило е под полициски надзор.
За овој настан веднаш бил информиран дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон, кој ја презел истрагата на местото на нападот. Истрагата и сите други оперативни дејствија на терен ги спроведуваат службениците на Одделот за криминалистичка полиција на ПУ Тузла со цел целосно расветлување на овој инцидент.
Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, нагласи дека, во согласност со Законот за заштита и третман на деца и малолетници во кривична постапка на ФБиХ и Конвенцијата за правата на детето, во моментов не се во можност да ѝ обезбедат на јавноста повеќе детали за овој исклучително чувствителен случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…
Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…
Родителите од Долни Балван на протест против…
„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…
Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…
Ел Нињо се буди во Пацификот и…
Епидемиолози влегоа во скопското ОУ „Невена Георгиева…
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното…
Киднапирани 42 ученици во Нигерија
Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али…