Ѓоргиев: Ја добивме најтешката група, ќе изгинеме за секој поен
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев најави беспоштедна борба на претстојното Европско првенство на кое противниците ја имаат фаворитската улога.
-Ја добивме најтешката група, но никој не може да ни го одземе правото да сонуваме. На теренот сме истобројни. Сепак моменталните резултати на Бугарија и на Полска навестуваат дека тие се огромни фаворити. Истото важи и за Украина. Меѓутоа ако ги прашате Португалија и Израел, и тие веќе имаат запишано победа против нас. Ние сме овде да им ги расипеме сметките. Само треба да ја играме нашата игра. Влегуваме на Еврпското првенство многу подготвени, а на терен ќе се види дали доволно за пласман во втората фаза. Треба да играме трпеливо и многу мудро. Ние никогаш не се предаваме и давам збор од име на целата репрезентација дека ќе изгинеме за секоја топка, потенцира Ѓорѓиев.
Македонските одбојкари во четвртото учество во низа на ЕвроВолеј играат во најсилната група – групата Б, во Софија заедно со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел.
Првиот дуел нашите репрезентативци ќе го имаат в среда (9 септември) против Бугарија.
Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември 2026 во организација на Италија, Бугарија, Финска и Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоргиев: Ја добивме најтешката група, ќе изгинеме…
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев…
Македонските одбојкари изгубија од Израел во Европската…
Машката македонска одбојкарска репрезентација вечерва го претрпе…
Трет пораз на македонските одбојкарки во Европската…
Негативната серија на македонската женска одбојкарска репрезентација…
„Машката“ победа вреди милион денари, а „женската“…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
(Видео) Невиден срам за српската одбојка: РТС…
Спортските објекти во Србија со месеци се…