Мицкоски: Предизвикот со западнонилската треска не е специфичен само за Македонија

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека годинава бројките се натпросечни насекаде низ Европа кога станува збор за инфекциите со вирусот на западнонилската треска.

Мицкоски додаде дека годинава овој здравствен предизвик е особено изразен на европско ниво и не е специфичен само за Македонија.

Премиерот рече и дека, според информациите со кои располага, општините ги спровеле предвидените активности за заштита од комарци согласно редовните протоколи.

„Ги проверивме информациите и врз основа на она со што располагам, сите општини во рамките на редовниот протокол ги имаат завршено своите активности. Не би можел да кажам дека некој не го направил тоа или дека ја занемарил обврската“, рече Мицкоски.

Според премиерот, сите медитерански земји се соочуваат со овој здравствен предизвик.

„Факт е дека оваа година е натпросечна кога станува збор за ваков тип предизвик со кој се соочуваме и ние, но и, условно кажано, сите медитерански земји. Тука се и Италија и Шпанија, каде што, за жал, починатите од западнонилска треска се бројат со стотици“, рече тој.

Денеска од опозицискиот СДСМ излегоа со тврдење дека Македонија е на прво место во Европа по бројот на заразени со западнонилска треска во однос на бројот на жители. За ваквата состојба ја обвинија Владата, за која велат дека задоцнила со реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…