ЗНАМ по повод 8 Септември: Македонија е наша татковина – независноста наше наследство, а иднината заедничка обврска
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, одбележувајќи 35 години од прогласувањето на независноста.
Во честитката од партијата се потсетува на референдумот од 8 септември 1991 година, кога, како што наведуваат од ЗНАМ, граѓаните ја потврдиле историската одлука за суверена, самостојна и независна држава.
„Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска“, наведуваат од ЗНАМ.
Од партијата посочуваат дека обврската е да се зачува државноста, да се брани достоинството и да се создава држава во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднакви можности за успех.
„Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска“, стои во честитката.
Од ЗНАМ додаваат дека е потребно заеднички да се гради, како што велат, силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.
Од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упатија честитки до сите граѓани по повод празникот:
„Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија!“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНАМ по повод 8 Септември: Македонија е…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упати…
(Видео) Мицкоски со видео честитка за 8…
Премиерот Христијан Мицкоски со видео од природните,…
Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено…
Земјотрес утрово во Охрид и Струга
Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени…
Хронологија: 35 години независна Македонија – клучни…
11 ноември и 25 ноември 1990 –…