Србија се бори со 44 активни пожари: Рускиот авион „Иљушин“ се вклучи во гаснењето на Сува Планина

t

Пожарите и натаму се шират на повеќе места во Србија, каде што во моментов се активни 44 пожари на отворен простор. Во гаснењето на пожарот на Сува Планина е вклучен и рускиот авион „Иљушин“, заедно со хеликоптери на Министерството за внатрешни работи на Србија.

На Сува Планина огнот го зафатил шумскиот предел на територијата на општината Бела Паланка, каде што пожарникарските екипи и останатите служби продолжуваат со интервенциите.

Поради пожарите, во дел од општината Нишка Бања е прогласена вонредна состојба.

На Бојанине Воде пристигнала тешка механизација, која работи на проширување на шумскиот пат од Бојанине Воде кон Мосар. Патот се проширува на широчина од 10 до 15 метри со цел да се создаде одбранбена линија кон атарот на селото Горња Студена.

Силниот ветер на места дополнително го разгорел пожарот во Делиблатската Песочара, во близина на патот кон Шушарац. Пожарот кај Мајданпек, во атарот на селото Рудна Глава и во близина на Голубиње, е локализиран.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека надлежните служби продолжуваат со гаснењето и со преземање мерки за спречување на понатамошното ширење на пожарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…

Бугарија денес избира претседател. Право на глас…

Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…

Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…