Мицкоски: За сите настани за 35 години независност беа дадени 0 денари од буџетот, платија општествено одговорни компании
Повеќедневната прослава на 35-годишнината на независноста на Македонија за која беа ангажирани и неколку светски ѕвезди ја платиле општествено одговорни компании, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, без да ги открие нивните имиња.
„За сите што клеветеа и лиферуваа лажни информации имам лоша вест: Сите овие настани Буџетот и граѓаните ги чинат нула денари. Слободно можете да проверите на ‘Отворени финансии“ и ќе видите дека сѐ е ова нула денари. Сѐ е организирано од општествено одговорни компании, така што јас жалам што кај поединци работи Фројд, што мислат дека како што правеле тие, така прави и друг. Оваа Влада е домаќинска и промакедонска која што се грижи за граѓаните“, кажа денеска Мицкоски во Штип и не откри кои компании издвоиле толку многу средства за да им платиме да дојдат Дејвид Гета, Хосе Карерас, Стив Аоки, Пол ван Дајк, Пол Окенфолд, а да се платат и домашните ѕвезди и целата организација на караваните во Скопје и во други градови.
Ни од Владата не откриваат детали околу трошоците за прославата.
На 27 мај 2026, владината портпаролка Марија Митева, изјави дека Владата не крие ништо во однос на организацијата на прославите по повод 35 години независност на Македонија, но поради некои договорни клаузули, во моментот не можат да ги објават сумите.
„Како влада не останавме должни. Немаме што да криеме во однос на организацијата, меѓутоа ќе ни дозволите да завршиме со најавите на сите настани и потоа достоинствено и доследно ќе информираме за сите детали“, кажа тогаш портпаролката Митева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: За сите настани за 35 години…
Повеќедневната прослава на 35-годишнината на независноста на…
Сали: Евроинтеграцијата не може да ја води…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…
Мицкоски: Ако талогот ја победи елитата тогаш…
Премиерот Христијан Мицкоски повторно се осврна на…
Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на…
Судењето за предметот „Лотарија“ е одложено откако…
Лавров за „подготовките“ на Европа за можна…
Доколку Европа ја нападне Русија, војната ќе…