Објавено на:

(Видео) Анталија е во пламен — почина доброволен пожарникар, евакуирани се стотици жители

t

Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако им помагал на локалните служби во гаснењето на огнената стихија што ја зафати провинцијата Анталија, на медитеранскиот брег на земјата, пренесува „Асошијатед прес“.

Пожарот избувнал во понеделникот во областа Аксу, а поради силните ветрови брзо се проширил кон соседната област Кепез и принуди стотици жители на евакуација. Причината за пожарот засега не е позната.

Хасан Кахја, жител на Аксу кој им помагал на пожарникарите во гаснењето на пожарот, доживеал срцев удар откако вдишал чад и подоцна починал во болница, соопшти градоначалникот на областа, Иса Јилдирим.

Двајца луѓе вчера биле хоспитализирани со изгореници на нозете, а уште шестмина биле згрижени поради вдишување чад. Од прифатилиште за животни во Аксу биле евакуирани повеќе од 100 кучиња.

Турската управа за шумарство соопшти дека денес продолжиле напорите за ставање на пожарот под контрола, додавајќи дека неговиот интензитет е „намален“. Во гаснењето биле ангажирани најмалку три противпожарни авиони, девет хеликоптери, 169 противпожарни возила и повеќе од 1.000 пожарникари.

Во меѓувреме, пожарникарите гаснеле и шумски пожар во областа Козан, во јужната провинција Адана, каде што стотици жители биле евакуирани, соопшти Управата за шумарство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Анталија е во пламен — почина…

Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Турција заработи над една милијарда долари од…

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…

Меџити: Пријателството меѓу Македонија и Турција останува…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…