Бројот на заболени од западно-нилска треска се искачи на 58
Во Македонија досега се регистрирани 58 случаи на западно-нилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со 8 август.
Од вкупниот број заболени, 54 случаи се потврдени, додека четири се класифицирани како веројатни, согласно дефиницијата за случај.Најголем број од заболените се од Скопје – 55 лица. По еден случај е регистриран кај жители на Велес, Куманово и Свети Николе.
Според епидемиолошките податоци, 57 од случаите се автохтони, додека едно лице има историја на патување во Грција. Сепак, инкубацискиот период кај овој случај опфаќа и престој во Македонија.
Меѓу заболените доминираат мажите. Регистрирани се 46 машки лица, односно 79,3 проценти, и 12 женски лица, што претставува 20,7 проценти од вкупниот број случаи.
Најзастапена е највозрасната категорија. Дури 47 лица, или 81 процент од заболените, се на возраст над 60 години. Седум случаи се кај лица од 50 до 59 години, три кај лица на возраст од 20 до 29 години, а еден случај е регистриран во возрасната група од 30 до 39 години.
Просечната возраст на заболените изнесува 66,1 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум…
Нивоата на реките се драстично зголемени по…
Левица повикува утре на протест пред фабриката…
Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…
(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…
Архитектот и член на Централниот комитет на…
Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…
Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…
Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…
Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…
