Трамп и Маск го отвораат паричникот: Десетици милиони долари за републиканците пред изборите
Политичките групи поврзани со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и милијардерот Илон Маск почнаа да вложуваат големи суми пари во предизборните кампањи на републиканците, во пресрет на изборите за Конгресот закажани за ноември.
Додека републиканците се соочуваат со можноста да ја загубат контролата над најмалку еден дом на Конгресот, а анкетите покажуваат дека демократските гласачи се помотивирани да излезат на избори, група поврзана со Трамп почна да троши десетици милиони долари за резервација на термини за телевизиски реклами во тесните изборни трки.
Трамп, чиј рејтинг е на најниското ниво во неговата политичка кариера, им изјави на новинарите минатата недела дека планира да одвои меѓу 400 и 500 милиони долари за поддршка на републиканците на изборите за Конгресот на половина од мандатот.
Републиканскиот политички акциски комитет „No Going Back“, поврзан со Трамп, резервираше повеќе од 24,9 милиони долари за термини за телевизиски реклами во шест сојузни држави во кои ќе се водат неизвесни трки: Алјаска, Џорџија, Мичиген, Северна Каролина, Њу Хемпшир и Охајо, според податоците на компанијата „AdImpact“ која се занимава со истражување на политичкото рекламирање.
Освен тоа, организацијата на Маск „America PAC“ и главниот огранок на Трамп за собирање средства „MAGA Inc.“ во последните денови одвоија 2,4 милиони, односно 10 милиони долари за трката за место во американскиот Сенат од Тексас, каде што на државниот обвинител Кен Пакстон му се заканува да стане првиот републиканец што ќе загуби на изборите во таа сојузна држава од демократски кандидат во последните неколку децении.
Речиси 6,9 милиони долари од тие пари се трошат на напади преку реклами насочени против демократскиот државен пратеник Џејмс Таларико, кој води пред Пакстон со 2,1 процентни поени според просекот на анкетите што ги објави „Silver Bulletin“ на Нејт Силвер.
Се очекува дека организацијата на Маск „America PAC“ ќе има важна улога во напорите да се поттикнат републиканските гласачи да излезат на изборите во клучните сојузни држави, со вложувања во активности за одење од врата на врата, дигитално рекламирање и кампањи преку директна пошта во пресрет на изборите на 3 ноември.
Маск веќе потроши повеќе од седум милиони долари на дигитално рекламирање, текстуални пораки, телефонски повици до гласачите, пратки и други печатени материјали, покажуваат податоците од пријавите до федералните власти.
Фондот на Трамп за изборите на половина од мандатот го финансира новата политичка група „No Going Back“. „Њујорк тајмс“ објави дека „No Going Back“ само во вторникот и средата резервирала 49 милиони долари за рекламирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…