Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска, за Шкотска сè уште нема да зборувам
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја изрази поддршката за обединување на Северна Ирска со Република Ирска, оценувајќи дека тоа би било „сосема природно решение“. Во исто време, тој избегна да заземе став за независноста на Шкотска.
„Ја имате Северна Ирска и ја имате Ирска и ми се чини дека нивното спојување би било сосема природно решение“, им изјави Трамп на новинарите за време на неговата посета на голф-турнирот „Ајриш опен“.
На прашањето за Шкотска, Трамп рече: „За тоа сè уште нема да зборувам. Тоа ќе го оставам за некој друг пат.“
Изјавите на американскиот претседател доаѓаат во пресрет на состанокот на лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска, на кој треба да биде потпишана заедничка декларација со која се бара право на самоопределување и можност за одржување референдум за независност.
Трамп и претходно предизвика реакции со своите изјави за иднината на Ирска. Во саботата тој рече дека „би сакал да види“ обединета Ирска и оцени дека повторното обединување на Република Ирска и Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство, „на крајот ќе се случи“.
Со тоа Трамп отстапи од традиционалната воздржаност на Вашингтон околу ова чувствително историско и политичко прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска,…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја изрази…
Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави…
Помалку летови и поскапи билети? „Виз ер“…
Европскиот пазар на евтини авионски летови влегува…
Речиси 800 илјади ноќевања во јули, сè…
Македонскиот туристички сектор бележи раст во екот…
Нападнат трговски брод во Ормускиот Теснец, 13…
Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека…