Објавено на:

Спремни за во ЕУ: Главниот обвинител на Украина поднесе оставка и ја напушти земјата

t

Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко, пред неколку дена поднесе оставка по обвинувањата за корупција поврзани со заштита на нелегални телефонски центри и перење пари. Кравченко потоа го потпишал известувањето за сомнение против Семен Кривонос, директор на Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ), а потоа рано утрово ја напуштил земјата, пренесува „Украинска правда“ повикувајќи се на свои извори и на Антикорупцискиот акционен центар (AntAC).

Според „Украинска правда“, Кравченко ја напуштил Украина со службено возило во текот на ноќта меѓу 13 и 14 септември.

Како што посочиле изворите, Кравченко ја преминал границата во 2:30 часот со службено возило. Првичните информации укажуваат дека Кравченко го искористил службеното патување во Литванија како основа за преминување на границата.

Кравченко го потпишал известувањето за сомнение против директорот на НАБУ, Кривонос, наводно во замена за можноста да ја напушти земјата.

Пред да ја напушти Украина, Кравченко наводно снимил видео во кое тврди дека Кривонос и лице блиско до раководителот на Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО) извршиле кривични дела.

Меѓуремено, Зеленски го повика парламентот итно да го поддржи разрешувањето на Кравченко.

„За овој главен обвинител постои само еден пат: разрешување од функцијата. Токму тоа му го кажав. Украина ги виде сите причини“, изјави Зеленски.

Според Зеленски, доколку Кравченко смета дека станува збор за политички притисок, слободен е така да го нарече.

„Ги повикувам пратениците итно да го поддржат ова разрешување“, посочи Зеленски.

Што се случи досега?
На 4 септември, украинските медиуми објавија дека Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО) вршат претреси во просториите на главниот обвинител Руслан Кравченко, неговата заменичка Марија Вдовиченко и Олег Кипер, шеф на Воената управа на Одеса.

На 5 септември Канцеларијата на главниот обвинител потврди дека детективи на НАБУ извршиле претреси во канцелариски простории „што ги користел Кравченко“.

НАБУ и САПО го уапсија Сергиј Кропива, заменик-шеф на Одделот за меѓународна правна соработка во Канцеларијата на главниот обвинител.

На 5 септември НАБУ и САПО соопштија дека откриле криминална организација за која истражителите велат дека ја предводи шеф на оддел во Канцеларијата на главниот обвинител. Членовите на организацијата се осомничени дека редовно земале мито од измамнички телефонски центри и се занимавале со перење пари. Извори на „Украинска правда“ рекоа дека станува збор за шефот на одделот Сергиј Кропива.

При претресите во домот на првата заменичка на главниот обвинител, Марија Вдовиченко, биле пронајдени материјали што укажуваат на следење на раководителите на антикорупциските агенции, нивните семејства и нивните подредени.

Во услови на истрага на НАБУ и САПО за рекетирањето поврзано со телефонските центри, Руслан Кравченко на 7 септември поднесе оставка од функцијата главен обвинител.

Според НАБУ и САПО, мрежата примала пари за да ги заштитува центрите кои вршеле телефонски измами и испрала милиони. Истражителите тврдат дека дел од парите биле користени за купување недвижности, накит и други вредни предмети. Кравченко ги отфрли обвинувањата како неосновани и порача дека не сака функцијата главен обвинител да биде користена како алатка за политички пресметки.

Новиот случај повторно го отвори прашањето за корупцијата во Украина, особено откако минатата година имаше протести и критики од западните партнери поради обидите да се ограничи независноста на НАБУ и САПО.

Борбата против корупцијата е еден од клучните услови на патот на Украина кон членство во Европската Унија, а во последниот период неколку случаи ги опфатија и функционери блиски до претседателската администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спремни за во ЕУ: Главниот обвинител на…

Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…

(Видео) Шефот на полската дипломатија вели дека…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само…

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани…

Од полноќ нови цени на горивата –…

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне…

„Келтскиот фронт“ решен да го распадне Обединетото…

Про-независните лидери од Шкотска, Велс и Северна…