Италија: Дронот што го соборивме над Литванија најверојатно дошол од Русија
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен авион во рамките на мисијата на НАТО го соборил над Литванија најверојатно дошол од Русија, објавија светските медиуми.
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека дронот бил соборен нешто по полноќ. Според литванскиот Национален центар за управување со кризи, леталото било соборено во близина на селото Праткунаија, на југот на земјата, недалеку од Каунас.
Претходно била издадена тревога и поради појава на дрон над главниот град Вилнус и околниот регион. Борбени авиони од мисијата на НАТО за воздушна одбрана на Балтикот го патролираат небото над Латвија, Литванија и Естонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…
(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…
Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…