Две девојки приведени по физичка пресметка во Центар, кај едната пронајден остар предмет

t

Две девојки од Скопје биле приведени по меѓусебна физичка пресметка и агресивно однесување кон полициски службеници во скопски Центар, информира МВР.

Настанот се случил на 14 септември околу 19:50 часот, кога полициски службеници ги привеле С.Р. (26) и В.А. (24), двете од Скопје.

Според МВР, тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а потоа агресивно се однесувале и кон полицајците кои преземале службени дејствија.

При извршениот преглед кај 24-годишната В.А. бил пронајден остар предмет.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две девојки приведени по физичка пресметка во…

Две девојки од Скопје биле приведени по…

Пресуда за Хашим Тачи денес во Хаг

Хашим Тачи го предводеше Косово кон независност…

Министерката Сања Божиновска помогна Македон да стигне…

Семејството Димитровски упати јавна благодарност до министерката…

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони…

Пазарот на недвижности во земјава во првата…

(Видео) Кинескиот министер за одбрана ги повика…

Кинескиот министер за одбрана, Донг Џун, изјави…