Северна Кореја ги предупредува САД и Јужна Кореја: Можеме да употребиме нуклеарно оружје
Северна Кореја предупреди дека, во согласност со законот што ја регулира политиката за државните нуклеарни сили, би можела да употреби нуклеарно оружје како одговор на дејствијата на САД и Јужна Кореја.
Ова се наведува во соопштението на претставник на Министерството за одбрана на Северна Кореја, објавено од Корејската централна новинска агенција.
Законот, усвоен во 2022 година, предвидува можна употреба на нуклеарно оружје во случај на напад врз раководството на земјата или врз нејзиниот систем за нуклеарна команда и контрола, како и при закана што вклучува употреба на нуклеарно оружје или друго оружје за масовно уништување против Северна Кореја.
„Таквите закани од непријателот – кои вклучуваат напади и употреба на оружје за масовно уништување против нашата држава – може да се сметаат за најсериозен предизвик за нашата безбедност, што наложува примена на соодветните одредби од законот за политиката за државните нуклеарни сили“, се вели во соопштението.
Според Министерството за одбрана на Северна Кореја, обвинувањата изнесени од САД и Јужна Кореја служат како параван за нивните сопствени „активности насочени кон развој и ширење на оружје за масовно уништување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…