„Постои ризик поради напади и тероризам“ — САД ги предупреди патниците да не се движат накај Саудиска Арабија
САД преку својата амбасада во Ријад ги повикаа патниците повторно да размислат за патување во Саудиска Арабија поради ризикот од ирански напади со дронови и ракети насочени кон „американски интереси“.
„Размислете за патување во Саудиска Арабија поради ризикот од ирански напади со дронови и ракети кон американски интереси, како и поради вооружен конфликт, тероризам и забрани за напуштање на земјата“, соопшти Амбасадата на САД во Ријад во советодавното известување од трето ниво.
Амбасадата, исто така, предупреди и за патување во областа по должината на границата со Јемен, каде што неодамна повторно избувнаа судири, поради „закана од тероризам“.
Во известувањето се наведува дека на членовите на семејствата, заклучно со 30 август, им е дозволено да им се придружат на вработените во американската Влада што работат во Саудиска Арабија.
„На вработените во американската Влада им е забрането патување во радиус од 32 километри од границата со Јемен поради безбедносни ризици“, стои во соопштението.
Исто така, тие не смеат да патуваат во Катиф, освен кога станува збор за неопходни патувања, а за патување во провинциите Џизан, Асир, Наџран и Катиф им е потребно посебно одобрение.
Амбасадата соопшти дека заканата од ирански напади со беспилотни летала и ракети продолжува откако на 28 февруари започнаа непријателствата меѓу САД и Иран.
Предупредувањето е објавено во услови на повторни ракетни напади и напади со беспилотни летала врз Саудиска Арабија и зачестени предупредувања за вонредни ситуации низ кралството.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во раните утрински часови денес соопшти дека саудиската противвоздушна одбрана пресретнала и уништила беспилотно летало во близина на светиот град Мека, кој бил лансиран од јеменската група Хуси.
Инцидентот се случил еден ден откако коалицијата соопшти дека 13 цивили биле повредени во ракетни напади и напади со беспилотни летала извршени од Хусите врз Хамис Мушаит, Абха и Таиф, при што биле оштетени седум куќи и две возила.
Потоа саудиските власти издадоа предупредувања во Абха, Хамис Мушаит, Џазан, Џеда, Таиф, Јанбу и Ал-Ула поради зголемените безбедносни ризици во југозападниот дел на Саудиска Арабија.
Минатата недела саудиските власти соопштија дека со беспилотни летала лансирани од Ирак бил гаѓан нафтоводот Исток-Запад во регионите Ријад и Медина (Ал-Медина), при што имало повредени и била предизвикана материјална штета, поради што нафтоводот превентивно бил затворен.
Саудиска Арабија, исто така, повеќепати беше цел на ирански ракетни напади и напади со беспилотни летала откако на 28 февруари започна војната меѓу САД и Иран. Техеран изврши напади врз, како што наведува, американски воени интереси низ регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Постои ризик поради напади и тероризам“ —…
САД преку својата амбасада во Ријад ги…
Северна Кореја ги предупредува САД и Јужна…
Северна Кореја предупреди дека, во согласност со…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Член на грчка левичарско -терористичка организација излезе…
Еден од главните членови на грчката левичарско-терористичка…
Македон Димитровски е примен на Програма за…
Македонскиот генијалец Македон Димитровски по бројните награди…