Објавено на:

Трамп: „Ние сме најнапредни во светот. Оној што ќе победи во AI, победува во сè“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги отфрли повиците за построга регулација на вештачката интелигенција, оценувајќи дека обидите за забавување на нејзиниот развој се дел од „болен заговор“ против AI.

Трамп го критикуваше и извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, чиј неодамнешен есеј повторно ја отвори дебатата за безбедноста на вештачката интелигенција.

„Единствената контрола или ограничувања што ѝ се потребни на вештачката интелигенција е силен и паметен претседател, а САД го имаат“, напиша Трамп на Truth Social. Тој порача дека американската администрација веќе располага со големи казнени и регулаторни овластувања над компаниите и додаде дека „кој ќе победи во вештачката интелигенција, победува“.

Амодеи, пак, повика на забавување на развојот на најнапредните модели и построг надзор. Во есејот „We Must Pace the Frontier“ тој предложи независно следење на моделите во текот на нивниот развој, регулација на целата индустрија и глобална регулатива.

Поддршка за дел од неговите предлози изразија и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, и основачот на xAI, Илон Маск. Алтман оцени дека независните надзорни тела се „одлична идеја“.

Загриженоста за ризиците од AI расте со зголемувањето на способностите на новите модели, особено во областа на кибербезбедноста. Амодеи смета дека развојот на технологијата напредува „драстично побрзо“ и повика тој да продолжи со темпо што ќе овозможи истовремено да се обезбедат нејзината безбедност и придобивките што ги носи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УГД има нулта толеранција за каков било…

Во врска со денешните полициски дејствија и…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“

Вкупните одливи на средства од „АЛТА банка“…

„Жената не е личност на која ѝ…

Марија Митева, владината портпаролка и претседателка на…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…