Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР ОД 5,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, еден од најголемите во Европа

t

Еден од најголемите центри за податоци во Европа ќе биде изграден на локацијата на рудници за лигнит во близина на градот Кожани, во сегашна северна Грција односно Егејска Македонија. Инвестицијата ја планира грчката национална компанија за електрична енергија ДЕИ, а нејзината вредност се проценува на 5,8 милијарди евра. Целта е рударењето лигнит да се замени со технолошки центар и со производство на чиста енергија, јави Блумберг.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис политички инвестираше во ревитализацијата на Кожани и целиот регион. Покрај очекувањата на еден од најсиромашните региони во Грција, проектот е поврзан и со реорганизацијата на ДЕИ, во која грчката држава останува главен акционер, но која оваа година собра и капитал на берзите.

Локалните жители се жалат дека откако владата објави крај на производството на електрична енергија од лигнит во 2019 година, сè уште не се создадени работните места потребни за ограничување на последиците од транзицијата. Малку од преостанато производство на јаглен е наменето за последната оперативна електрана, Птолемаис 5, која треба да престане да користи лигнит до крајот на годината.

За време на посетата на регионот минатиот месец, премиерот Мицотакис рече дека таму ќе се создадат повеќе и подобро платени работни места, ветувајќи дека владата ќе ги „мобилизира сите расположиви европски ресурси за да го поддржи тој регион во оваа тешка транзиција“.

Компанијата планира да изгради центар за податоци од 300 мегавати во Кожани до крајот на 2028 година, паралелно со изградбата на проекти за зелена енергија во областа. До 2031 година капацитетот би можел да порасне на еден гигават. Преговорите веќе се во тек со „хиперскалерите“, т.е. големите меѓународни даватели на облак-услуги и дигитални услуги, за да се најде компанија што ќе го изнајми идниот центар за податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…

Еден од најголемите центри за податоци во…

Турција и Грција ја освојуваат Месечината

Турција планира да го испрати својот прв…

Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…

Дете на возраст од околу пет години…

Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената

Човекот кој треба да стане првиот грчки…

Грчки остров ќе им дава по 3.000…

Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…