„Им благодарам на нашите војници:“ Зеленски објави снимка од ноќниот напад врз руски рафинерии и авиони
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од напади со украински беспилотни летала врз рафинерија за нафта во Русија и врз неколку авиони стационирани на воен аеродром во Ростов.
Како што соопшти самиот Зеленски – а подоцна потврди и Генералштабот на вооружените сили на Украина – стануваше збор за координирана операција во која учествуваа повеќе служби за безбедност и одбрана.
Уништени авиони и хеликоптери
„Во текот на ноќта, во заедничка операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Силите за беспилотни системи, Военото разузнавање (ГУР) и Службата за надворешно разузнавање, беше погодена рафинерија за нафта во Јарослављ. Службата за безбедност исто така изврши прецизен напад врз воен аеродром во Ростов; потврдено е оштетување на еден авион „Ан-12“, два авиона „Ан-26“ и три хеликоптери. Добри резултати беа забележани и во областа на Црното Море“, објави Зеленски на платформата „Икс“ (X).
Генералштабот на Украина соопшти дека цел на нападот бил воениот аеродром „Ростов-на-Дон“ во Ростовската област. Во објектот избувнал пожар, проследен со секундарни детонации. Според официјалните украински податоци, на аеродромот е потврдено уништување на два транспортни авиона „Ан-26“, еден транспортен авион „Ан-12“ и три хеликоптери.
Погодена била и рафинеријата за нафта „Славнефт-ЈАНОС“ во областа Јарослављ; пожар избувнал во единицата за примарна дестилација на нафта по директен погодок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…