Трамп: Триумфалната капија ќе стане платформа за дронови и снајперисти
Американскиот претседател Доналд Трамп планираната огромна триумфална капија во Вашингтон сака да ја претвори и во база за воени дронови и снајперисти на американската армија.
Трамп во неделата на својата платформа „Трут Соушал“ изјави дека се согласил „величествената триумфална капија да се претвори во воен комплекс од светска класа и триумфална капија“.
Објектот треба да има простор за „голем број дронови, како и снајперисти на покривот и на просторот пред капијата“, кои би можеле брзо да бидат распоредени, наведе Трамп.
Дополнително, во објектот треба да се складираат и големи количества муниција за снајперистите, додаде американскиот претседател.
Трамп нагласи дека објектот треба да биде единствен во светот.
„Од 59-те најважни градови и престолнини, Вашингтон е единствениот во светот што нема триумфална капија – но тоа сега ќе се промени“, напиша Трамп.
Според него, американската престолнина наскоро ќе има „далеку најголема“ триумфална капија „од сите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…