Објавено на:

Летонија е против укинувањето на санкциите против двајца руски олигарси

t

Летонија цврсто се спротивставува на планираното укинување на санкциите на Европската Унија врз руските олигарси Алишер Усманов и Михаил Фридман, изјави синоќа министерката за надворешни работи Баиба Бразе.

– Ставот на летонската влада е непоколеблив. Санкциите на ЕУ против Русија мора да се зајакнат, а не да се ослабнат, објави Бразе на платформата Икс.

ЕУ е подготвена да ја укине забраната за патување и замрзнувањето на средствата на двајцата олигарси, поради страв дека не би можеле едногласно да го поддржат продолжувањето на санкциите против околу 3.000 други поединци, субјекти и компании.

Санкциите против двајцата про-Кремљ милијардери беа воведени неколку дена откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Санкциите на ЕУ врз поединци и бизниси поради војната на Русија во Украина периодично се обновуваат, а одлуките се носат едногласно.

Рокот за завршување на сите потребни законски процедури за обновување на санкциите истекува денеска на полноќ.

Како што објави Германската новинска агенција (ДПА), Франција и Словачка барале ублажување на санкциите врз Усманов, додека според Луксембург, ако се укинат санкциите врз Усманов, треба да се отстранат и казнените мерки и против Фридман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Летонија е против укинувањето на санкциите против…

Летонија цврсто се спротивставува на планираното укинување…

Северна Кореја тестира нов ракетен систем за…

Северна Кореја денеска објави дека нејзините најнови…

Раѓањата во Грција за 15 години се…

Од 117.400 во 2009 година, раѓањата во…

Мицкоски: Со гордост ја претставуваме Македонија на…

Денеска бевме дел од отворање на Генералното…

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оценува дека мерките што…