Општина Центар два месеца не издала одобрение за проектот за ОУ „Киро Глигоров“, тврди министерката Јаневска

t

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната седница за пратенички прашања информираше дека од понеделник сите ученици од основното училиште „Киро Глигоров“ ќе се вратат на настава со физичко присуство.

Јаневска додаде дека вчера била во посета на училиштето и дека се чистел просторот, а веќе од понеделник ќе започне наставата и сите ученици повторно ќе се вратат во училиште.

Во однос на пролонгирањето на градежните активности, поради кои речиси цел месец учениците од 4-то до 9-то одделение следеа онлајн настава Јаневска прстот во впери кон Општина Центар и општинската администрација. Таа посочи дека проектот бил изготвен и предаден во општинската архива на 18 мај, но, како што вели таа, одобрението за негова изведба било издадено дури на 28 јули.

– Ова ми личи на внатрепартиска борба. Проектот во архивата во Општина Центар е предаден на 18 мај. Цел месец молевме да го закачат на систем. Откако го закачија на систем, не постапуваат 40 дена. Барањето е закачено на 3 јуни, а одобрението е добиено на 28 јули, тоа е општинската администрација. Преку приватни конакти баравме ургенции, ни поминаа 40 дена во администрација, иако бевме подготвени, рече Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Центар два месеца не издала одобрение…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

МОН го повлекува предметот Сексуално образование од…

Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…

52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…

51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…