СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ помага со дефокусирање
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување на платформата „Разговори за иднината во 12:05“, чии претставници повикаа на поширок опозициски фронт во кој би учествувала и партијата, но без Венко Филипче и актуелното раководство.
Во реакцијата, СДСМ ја нарекува иницијативата „ЗНАМ 2.0“ и тврди дека нејзиното појавување служи за пренасочување на вниманието од обвинувањата што партијата денеска ги изнесе против премиерот Христијан Мицкоски.
Од СДСМ наведуваат дека истиот ден отвориле прашања за можни рударски проекти и за наводно лобирање во корист на Мицкоски, платено од приватна компанија за оружје. Партијата тврди дека иницијативата на платформата е поврзана со власта и дека претставува напад врз СДСМ и Филипче.
„Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус?“, прашува СДСМ во соопштението. Партијата порачува дека Филипче и нејзините членови продолжуваат со опозициското дејствување и дека нема да дозволат, како што велат, рушење на СДСМ.
Реакцијата следува по брифингот на платформата „12:05“, каде претставниците на иницијативата изјавија дека сакаат промени во раководството на СДСМ и создавање посилен опозициски фронт. Воедно, поранешните високи партиски и државни функционери нагласија дека немаат намера да формираат нова партија и изрично одбиваат да бидат нарекувани „ЗНАМ 2.0“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…