Стабилноста, безбедноста и европската перспектива во фокус на разговорот меѓу Муцунски и Пирс
Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство биле теми на разговор на денешната средба во Њујорк на министерот за надворешна работа и надворешна трговија Тимчо Муцунски со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.
-Попладнево во Њујорк, на маргините на #UNGA2026, остварив средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство – објави Муцунски на Фејсбук.
Посебен акцент бил ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.
-Разговаравме и за економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада“ и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој – нагласи Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стабилноста, безбедноста и европската перспектива во фокус…
Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен…
Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување…
Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба…
Игор Ивановски, Андреј Петров и поранешните функционери…
Почнувајќи од следната недела, пред лидерот на…
Урко: Напаѓаме две светски злата, македонските кикбоксери…
Македонската кикбокс репрезентација испишува историја на Светското…
Горан Герасимовски е избран за потпретседател на…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…