Автобус излетал од патот кај Тетовско Стенче – бил празен, полицијата трага по возачот
Автобус денеска излетал од патот во близина на селото Стенче, Општина Брвеница, објави „Тетово Инфо“.
Според првичните и неофицијални информации, во моментот на незгодата автобусот бил празен и во него немало патници. Засега нема информации за повредени лица.
По излетувањето, автобусот останал надвор од коловозот, а возачот не бил затекнат на местото на настанот.
Од СВР Тетово информираат дека случајот првично не бил пријавен во полиција, но полициски службеници сепак излегле на терен откако добиле информации за настанот. Во тек е потрага по возачот, меѓу другото и поради оштетувањето на заштитната патна ограда – банкината.
Според неофицијалните информации, можно е да станува збор за општински автобус, но оваа информација засега не е официјално потврдена.
За среќа, автобусот бил без патници во моментот кога излетал од патот, со што била избегната можноста за потешки последици.
СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на причините за излетувањето на автобусот и пронаоѓање на возачот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобус излетал од патот кај Тетовско Стенче…
Автобус денеска излетал од патот во близина…
Mицкоски директно до Брисел: Не бараме полесен…
Македонија нема да се откаже од членството…
Kоридорите 8 и 10 пред Генералното Собрание…
Развојот на Коридорите VIII и X е…
Филипче: Тие што беа дел од поразот…
Јас сум се видел со тие луѓе…
Премиерот од Њујорк: Македонските граѓани знаат каде…
Македонија нема да избере „стратешка двосмисленост“ во…