Kоридорите 8 и 10 пред Генералното Собрание на ОН: Македонија да ги поврзе Јадранското, Црното и Егејското море со Централна Европа

t

Развојот на Коридорите VIII и X е дел од пошироката европска визија за поврзување на три мориња со Централна Европа и можност Македонија својата географска положба да ја претвори во стратешка предност, порача премиерот во ОН.

Инфраструктурата добива сè поголемо значење во свет во кој државите повторно ја откриваат вредноста на отпорноста, сигурните извори на енергија и стабилните синџири на снабдување.

„Денес светот повторно ја препознава вредноста на отпорноста. На сигурната енергија. На инфраструктурата. На разновидните транспортни правци. На блиските и доверливи синџири на снабдување.“

Во тој контекст, премиерот директно ги спомена двата клучни транспортни коридора низ Македонија.

„За нас, интензивниот развој на коридорите VIII и X е дел од поширока европска визија: подобро да се поврзат Јадранското, Црното и Егејското Море со Централна Европа.“

Намерата, според него, е стоките, енергијата и луѓето да добијат повеќе транспортни правци, а регионот да стане подобро инфраструктурно поврзан.

Тоа има и поширока геополитичка димензија.

„Регионот да стане инфраструктурно поврзан, наместо да остане на геополитичката периферија.“

За Македонија, нејзината позиција меѓу различните европски транспортни и економски правци не мора да претставува ограничување.

„Нашата географија не мора да биде наша судбина.“

Напротив, порача премиерот:

„Таа може да стане наша предност ако ги изградиме институциите и инфраструктурата што ќе ја претворат нашата географска положба во поврзаност.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…

Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…

Голем скандал го тресе Киев: Четворица војници…

Обвинувања за незаконско задржување луѓе во објект…

Нова војна против Иран би можела да…

Поранешниот ирански министер за надворешни работи и…

Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите…

Новите сајбер-напади врз фрижидери во супермаркети во…

Дарко Костовски му одговори на Зијадин Села:…

Зијадин Села напишал Бутел бил следен. Да,…