Србија ja продолжи забраната за извоз на горива и намалувањето на акцизите

t

Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на нафта и нафтени деривати до 31 октомври. Одлуката ја донесе Владата во технички мандат на 24 септември, а е објавена во „Службен гласник“.

Забраната првпат беше воведена во март, со цел да се заштити домашниот пазар од евентуален недостиг на гориво и раст на цените, поради нарушувањата на светскиот пазар на нафта.

Првично требаше да важи до 19 март, но оттогаш неколкупати беше продолжувана. Со последната одлука, рокот од 30 септември е продолжен до 31 октомври. Намалени акцизи до 4 октомври Српската Влада во технички мандат ја продолжи и мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати за 25 проценти. Намалените акцизи ќе важат до 4 октомври. Според одлуката, акцизата за оловниот бензин ќе изнесува 57,41 динари за литар (околу 29,3 денари), за безоловниот бензин 54 динари (околу 27,5 денари), а за гасното масло, односно дизелот, 55,53 динари за литар (околу 28,3 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ja продолжи забраната за извоз на…

Србија ја продолжи привремената забрана за извоз…

Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…

Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…

Путин по заканите од Естонија за војна:…

Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…

ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…

# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…