Секој четврти вработен во Германија има имигрантско потекло

t

Германската економија во голем број сектори има сериозна потреба од работници од странство, а најголем удел на вработени со имигрантско потекло има токму во дел од професиите каде што недостига работна сила. Според податоците од микропописот за 2025 година, 27 проценти од вработените во Германија имаат имигрантско потекло. Германскиот Завод за статистика во своите најнови податоци го користи поимот „историја на доселување“ за лицата кои самите се доселиле во Германија или се потомци на доселеници.

Најголем удел има кај готвачите, каде што во 2025 година повеќе од половина од вработените или 56 процент биле со имигрантско потекло. Висок удел е забележан и кај работниците во производството на храна- 55 проценти, поставувачите на подови- 54 проценти, работниците на скелиња – 51 процент и работниците во преработката на месо – 51 процент. Овие бројки покажуваат дека странските работници имаат значајно место во повеќе практични и услужни дејности на германскиот пазар на труд.

Во дефицитарните професии уделот е исто така висок. Особено интересни се податоците за професиите во кои Германија се соочува со недостиг на квалификувана работна сила. Кај професионалните возачи, 41 процент од вработените се со имигрантско потекло, додека кај хотелските услуги уделот достигнува 40 проценти. Во грижата за стари лица, пак, 33 проценти од вработените се со имигрантско потекло.

Тоа значи дека во дел од професиите со недостиг на кадар, работниците кои дошле од странство веќе претставуваат значаен дел од работната сила. Ситуацијата не е иста во сите дефицитарни занимања. Најмал удел на вработени со имигрантско потекло е забележан во службите за спасување – 7 проценти. Под просекот е и нивното учество во земјоделството, каде што изнесува 15 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…

Германската економија во голем број сектори има…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…

Убиен 15-годишник со нож во Германија, полицијата…

Германската полиција во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија…

Вајдел прогласи победа на покраинските избори: „АфД…

Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис…