Радикални имами, киднапирања и врски со странски борци – АНБ со нови детали од вчерашната акција

t

Агенцијата за национална безбедност во координација со Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера презеде мерки за сузбивање активности на издиференцирани безбедносно интересни лица кои се осомничени за тероризам и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во рамките на оперативната акцијата од слобода се лишени вкупно пет лица, притоа извршен е претрес на повеќе локации на подрачјето на Скопје, и тоа во село Сингелиќ, Чаир и село Брест, при што пронајдени и одземени се количества на нелегално оружје, пиштоли, автоматски пушки, муниција, тактички елеци и останата опрема, пропаганден материјал од меѓународната терористичката организација „Исламска држава“, компјутерски единици за „копање“ криптовалути, како и останата документација.

Станува збор за верско радикална групација надоврзана на транснационални криминални организации која се поврзува со дела на насилство, изнуда, киднапирање, лихварство, недозволена трговија на наркотици, трговија со оружје, и останати криминогени активности. Исламско радикалниот елемент е одлика која е взаемна кај повеќето членови на групата, имено истите се идеолошки следбеници на радикални имами кои се поддржувачи и прокламатори на меѓународни терористички организации. Воедно, дел од уапсените се во блиски релации со странски терористички борци од земјава и регионот, велат од АНБ.

Од АНБ додаваат дека индоктринирањето на млади лица од страна на истакнатите членови на групата е модус операнди кој континуирано се применува.

Верските објекти каде се практикува радикалниот ислам и онлајн радикализацијата претставуваат иницијални тригери за регрутација на младите, кои подоцна се интегрираат во дадени криминогени активности на групацијата, велат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радикални имами, киднапирања и врски со странски…

Агенцијата за национална безбедност во координација со…

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста…

По повод Денот на Агенцијата за национална…

АНБ формираше Центар за обука

Агенцијата за национална безбедност формираше Центар за…

Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…