Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на Каспаров и на други дисиденти во САД
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат врз опозициските личности во егзил, шаховскиот велемајстор Гари Каспаров и поранешениот пратеник во руската Дума, Илја Пономарјов, во САД ова лето, објави шпанскиот весник „Ел Мундо“.
Претходно овој месец, Министерството за правда на САД обелодени обвинение против пет луѓе за наводни заговори што вклучувале следење, регрутирање и планирани убиства на две опозициски личности, кои не беа именувани.
„Ел Мундо“ наведе дека наводните организатори на заговорот биле во контакт со луѓе задолжени да ги следат и убијат Каспаров и Пономарјов во периодот кога двајцата биле предупредени за заканата од атентат. Пономарјов одби да потврди или демантира дали бил известен за заканата, но за „Москоу тајмс“ изјави дека овие наводи претставуваат „ново ниво на ескалација“ од страна на Русија.
„Америка претходно се сметаше за безбедна, особено во споредба со ЕУ, Турција и Украина. Кремљ сега го урива и тој систем, кој постоеше уште од Втората светска војна“, рече тој.
Според „Ел Мундо“, еден регрутиран оперативец наводно фотографирал и снимал видеа од куќата и канцеларијата во Вашингтон поврзани со Пономарјов, кого обвинението на Министерството за правда на САД го идентификува само како „Жртва-1“. Оперативецот одбил да го изврши атентатот, се наведува во обвинението.
На Каспаров наводно му била обезбедена посебна заштита за првпат откако се преселил во Њујорк во 2013 година. „Ел Мундо“ не наведе дали на Пономарјов, кој живее на релација Киев-Вашингтон, му била понудена истата заштита.
Шпанскиот весник објави дека Владимир Кара-Мурза – уште една истакната личност во егзил која се противи на Кремљ и која беше ослободена од руски затвор во 2024 година како дел од најголемата размена на затвореници меѓу Москва и Западот по Студената војна – исто така се смета за можна цел на атентат.
Кремљ и Руската амбасада во Вашингтон не ги коментираа обвинувањата од САД, иако Москва претходно негираше дека спроведува цилени убиства во странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…