„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција до Филипче: Сè повеќе личиш на твојот поранешен работодавец Груевски

t

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираа на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатувајќи остри критики на негова адреса и обвинувајќи го за навреди и дискредитации кон оние кои бараат промени во партијата.

Во писмената реакција, организаторите наведуваат дека Филипче, според нив, сè повеќе наликува на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тие го обвинуваат дека користи „примитивен речник“ и дека лично ги напаѓа членовите и поранешните функционери на СДСМ кои предлагаат структурни промени.

„Венко Филипче се повеќе личи на неговиот поранешен работодавец Никола Груевски. Сиот личен бес го истура врз оние кои мислат поинаку од него“, се наведува во реакцијата.

Од „Разговори за иднината во 12:05“ тврдат дека Филипче треба да се насочи кон политичко спротивставување со ВМРО-ДПМНЕ, наместо кон внатрепартиски пресметки. Воедно, го обвинуваат дека ги одбива предлозите за структурни реформи и дека одговорноста за изборните резултати ја припишува на други.

Во реакцијата се упатува и прашање до Филипче поврзано со случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, при што организаторите бараат од него да даде објаснување за постапката во која, како што наведуваат, обвинението против него било отфрлено.

Од платформата реагираат и на, како што велат, „заканите“ упатени од Филипче, при што наведуваат дека тој сè повеќе личи на својот „политички гуру и идол“.

На крајот од реакцијата, организаторите најавуваат дека, и покрај несогласувањата со актуелното раководство на СДСМ, ќе ги достават своите предлози за структурни реформи во партијата.

„Без разлика на неговите напори по секоја цена да не спречи, ние сепак во архивата на СДСМ ќе ги доставиме нашите предлози за структурни реформи на партија, во интерес на членството и иднината на Македонија“, наведуваат организаторите.

Реакцијата доаѓа во период на засилени внатрепартиски несогласувања во СДСМ. Платформата претходно најави план за структурни промени и консолидација на партијата, додека Филипче ги отфрла нивните настапи и ги обвинува за обид за преземање на партијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…