Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО
Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското Езеро за вклучување на Листата на светско наследство на УНЕСКО.
Иницијативата првично беше покрената од Грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската Унија.
Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори.
На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на Европската комисија во Македонија.
Рокас за грчкиот весник „Катимерини“ изјавил дека ЕУ, покрај политичката поддршка, ќе ги финансира и првите студии потребни за иницијативата. Тој ја истакнал важноста на заедничкиот ангажман на трите соседни земји за заштита и промоција на природното и културното наследство на Преспа.
Градоначалникот на Преспа, Георгиос Стергиу, ја поздрави иницијативата и рече дека локалните власти се подготвени да помогнат во процесот.
„Нашите односи со соседите се одлични. Со години работиме заедно на заштита на езерото и спроведуваме заеднички програми“, рече Стергиу.
Според него, значаен чекор ќе биде и отворањето на новиот граничен премин кој се гради и кој треба дополнително да ги поврзе Преспа и Охридскиот регион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат…
Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат…
Планината Олимп вклучена во листата на светско…
По 12-годишно чекање, планината Олимп – митскиот…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…
Град Скопје должи 109.000 денари за печатење…
Град Скопје доцни со исплатата на 109…