УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Случајот се поврзува со пасошот на Борче Марковски

t

Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола вечерва е приведен од полицијата во Прилеп, додека истовремено се вршат претреси во неговиот дом и во службените простории на обвинителството поради сомнежи за коруптивни кривични дела.

„Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК во моментов врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела“, соопшти МВР.

Според „Фокус“, од МВР им било потврдено дека приведувањето е поврзано со постапувањето околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.

Марковски, сопственик на „Марковски компани“, е обвинет заедно со уште неколку лица во предмет за злоупотреби поврзани со тендер за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК Битола, вреден над 1,7 милиони евра.

Тој претходно беше пуштен од притвор со гаранција од околу пет милиони евра. Неговата патна исправа првично била одземена, а откако одбраната повторно побарала нејзино враќање, предметот бил рефериран до Вишото јавно обвинителство во Битола. Оттаму било побарано да се даде позитивно мислење за враќањето на пасошот.

По враќањето на патната исправа, Марковски замина во Србија, а неговиот адвокат тогаш изјави дека станувало збор за деловни обврски и дека тој ќе се врати во земјата.

Надлежните институции засега не објавија повеќе детали за конкретните сомнежи против приведениот обвинител. Истрагата ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Случајот се…

Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола…

Француските ученици остануваат на улиците се додека…

Нов бран ученички протести ја зафати Франција,…

ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори…

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во Теарце,…

Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…

„Да не се повтори Орбан“: ЕУ подготвува…

Европската комисија предлага новите членки на Европската…