Жените од овој град во Италија имаат големи шанси да ја дочекаат 100-та година од животот
Ново истражување покажува дека жените во планинска населба во срцето на Сардинија живеат исклучително долго. Гратчето-општина Болотана коешто се наоѓа на околу 110 километри од веќе познатата италијанска „Сина зона“ на долговечност, би можел да биде ново „жариште“ од овој вид. Истражувањето објавено во списанието „Фронтиерс ин ејџинг (Frontiers in Aging)“ откри дека жените тука имаат и статистички значително подолг животен век – со речиси 14 отсто шанси да ја дочекаат 100-та година од животот.
Научниците се заинтересирале за Болотана – место што во времето на истражувањето броело 2.266 жители, поради невообичаено големиот број стогодишници. Анализата на демографските податоци од 2021. до 2025 година покажува дека 70-годишна жена во Болотана може да очекува да живее, во просек уште 20,85 години. За споредба, во провинцијата Нуоро – каде што се наоѓа Болотана, вкупниот просек би изнесувал 18,61 година. За Сардинија во целина, тој број е 18,4, а за Италија – 18,06 години. И мажите во Болотана се долговечни, иако тој тренд кај нив не е толку изразен. За 70-годишен маж во Болотана може да очекува дека во просек ќе живее уште 16,02 години – што е малку повеќе од италијанскиот просек од 15,48 години.
Говорејќи за 70-годишна жена од Болотана – веројатноста дека ќе ја дочека 100-тата година се проценува на 13,83 отсто, додека во провинцијата Нуоро шансите се 4,33 отсто, во Сардинија – 4,43 отсто, а во Италија како целост – само 3,54 отсто.
Истражувачите пресметале дека веројатноста 70-годишна жена од Болотана да доживее 100 години е трипати поголема отколку кај жените во САД. Во однос на животниот век и веројатноста за достигнување на 100-годишна возраст, жените во Болотана се рангираат меѓу најнадежните во светот, веднаш зад Хонг Конг. Епидемиологот и коавтор на студијата, С.Џ. Олшански од Универзитетот во Илиноис во Чикаго, смета дека оваа женска популација има најдолг животен век во светот или, во најмала рака, спаѓа меѓу оние со најдолг животен век.
Сè уште не е познато што точно им овозможува на жените од Болотана да имаат толку долг животен век. Истражувачите напоменуваат дека утврдувањето на причините не било цел на оваа демографска анализа, но сметаат дека идните трудови би требало да ги истражат можните биолошки фактори, како и животните навики и општествените околности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените од овој град во Италија имаат…
Ново истражување покажува дека жените во планинска…
Франција испрати нуклеарна порака, Москва одговори: „Ова…
Нуклеарното одвраќање повторно се враќа во центарот…
Хаос на аеродромот во Белград, привремено прекинати…
Полетувањата од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ вечерва…
Криста Пајк се разбуди по неуспешната егзекуција:…
Жената која преживеа две смртоносни инјекции има…
Софија размислува да побара дополнителни сили од…
Црното Море се претвора во сè поопасна…