Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка за една година, 7.000 пациенти на активен третман

t

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка биле дијагностицирани минатата година во Македонија, додека на Клиниката за радиотерапија и онкологија во моментов околу 7.000 пациенти се на активен третман.

Од Клиниката посочуваат дека во текот на минатата година биле воведени и нови терапии, особено за пациентите со рак на дојка, а зголемен е и бројот на пациенти кои примаат специфичен третман.

„Во однос на институционалната статистика, минатата година ја завршивме со 5.300 нови пациенти од разни локализации. Во принцип расте бројот, значи по 200 до 300 пациенти плус годишно новорегистрирани. А во однос на преваленцата, пациенти што барем еднаш се јавуваат на Клиниката во текот на една календарска година, зборуваме за број од речиси 20.000 на годишно ниво“, изјави Игор Стојковски.

Тој посочи дека паралелно се работи и на децентрализација на онколошките услуги. Дел од терапиите веќе се обезбедуваат во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, а целта е онколози од Скопје да бидат ангажирани и во Клиничката болница во Битола.

Од здружението „Хема-Онко“ нагласуваат дека децентрализацијата мора да се спроведе на начин што ќе гарантира безбедна, навремена и редовна терапија за пациентите.

„Не е поентата само да се прима терапијата, туку навистина да обезбедиме дека секој пациент што нема да биде на Клиниката за онкологија, да ја прима безбедно оваа терапија. Од една страна, како пациенти најмногу знаеме колкав е притисокот на Клиниката на онкологија и тоа е и поради фактот што имаат недостиг на персонал, кој се обидуваат да го надоместат, а од друга, поради големиот број експерти во однос на лекувањето, посебно за дојка“, изјави Ана Марјановиќ од „Хема-Онко“.

Стојковски беше прашан и за прекините во снабдувањето со терапија. Тој посочи дека Клиниката може да упатува предупредувања до дистрибутерите, кои, како што рече, се свесни за последиците што доцнењата во испораката може да ги имаат врз пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на…

Не се пронајдени дигитални траги ниту други…

Муцунски по средбата во Софија: Позициите се…

Позициите на Македонија и Бугарија во однос…

ЕУ бара од Русија итно да ги…

Европската Унија го засилува притисокот врз Русија…

Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во…

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална…