Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на Сиљановска-Давкова
Не се пронајдени дигитални траги ниту други форензички показатели дека имало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
По спроведената предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител донел резолуција со која оценил дека нема основа за натамошно постапување.
Во рамките на истрагата, по наредба на Основниот кривичен суд била обезбедена компјутерска опрема врз која биле извршени информатичко-форензички анализи. Биле проверени и податоци од мобилни уреди и прибрани информации од лица запознаени со случајот.
Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не биле утврдени докази за неовластено навлегување во системот, ниту за снимање и прибирање класифицирани податоци.
При анализите биле утврдени одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален ризик, но нема докази дека тие биле искористени за извршување кривично дело.
Обвинителството оценило дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ниту на друго кривично дело што се гони по службена должност.
Предистражната постапка беше отворена по сомнежи дека од информатичкиот систем во Кабинетот на претседателката биле неовластено извлекувани податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на…
Не се пронајдени дигитални траги ниту други…
Муцунски по средбата во Софија: Позициите се…
Позициите на Македонија и Бугарија во однос…
ЕУ бара од Русија итно да ги…
Европската Унија го засилува притисокот врз Русија…
Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во…
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална…
СЗО: Речиси секоја трета девојка од 15…
Околу 43 милиони девојки на возраст од…